Снег ќе трупа низ Македонија – Метеоцентар со детална четиридневна прогноза

Ќе биде облачно со повремени врнежи, на планините и на некои повисоки места од снег, а во пониските од дожд и услови врнежите повремено да преминуваат во снег. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Од вторник облачноста ќе се намалува, а од среда времето ќе биде претежно сончево со...

февруари 16, 2025 - 18:00
 0  1
Снег ќе трупа низ Македонија – Метеоцентар со детална четиридневна прогноза

Ќе биде облачно со повремени врнежи, на планините и на некои повисоки места од снег, а во пониските од дожд и услови врнежите повремено да преминуваат во снег. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Од вторник облачноста ќе се намалува, а од среда времето ќе биде претежно сончево со ниски утрински температури.

Прогноза за 18.02.2025
Минимална температура: -5°C до 3°C
Максимална температура: 1°C до 7°C

Променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен ветер од северен правец.

Прогноза за 19.02.2025
Минимална температура: -7°C до 2°C
Максимална температура: 0°C до 7°C

Сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен ветер од северен правец.

Прогноза за 20.02.2025
Минимална температура: -10°C до 3°C
Максимална температура: 2°C до 8°C

Сончево со мала локална облачност. Ќе дува умерен ветер од северен правец.