Температурите ќе скокнат овој викенд и до 23°C, а од следната недела пресврт – Метеоцентар со детална прогноза
Продолжува периодот на топло време за овој период од годината. Од средината на новата работна седмица ќе има локални врнежи од дожд, наместа поројни, проследени со појава на грмежи и засилен јужен ветер. Прогноза за 09.03.2025 Минимална температура: -3°C до 4°C Максимална температура: 17 до 23°C Сончево и топло. Ќе...

Продолжува периодот на топло време за овој период од годината. Од средината на новата работна седмица ќе има локални врнежи од дожд, наместа поројни, проследени со појава на грмежи и засилен јужен ветер.
Прогноза за 09.03.2025
Минимална температура: -3°C до 4°C
Максимална температура: 17 до 23°C
Сончево и топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.
Прогноза за 10.03.2025
Минимална температура: -2°C до 4°C
Максимална температура: 16 до 23°C
Сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.
Прогноза за 11.03.2025
Минимална температура: 0°C до 6°C
Максимална температура: 16 до 22°C
Сончево и топло со мала до умерена облачност. Во попладневните и вечерните часови ќе има локален пороен дожд и услови за појава на грмежи. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер од јужен правец (над 60 km/h).