Тошковски да излезе и да ја каже вистината за бегството на Груби или тоа ќе го направи СДСМ
Соопштение на СДСМ: Тошковски два дена молчи и се крие од јавноста за скандалозните пропусти кои личат на организирано пуштање на Груби. Ова е скандал од огромни размери а информациите кои стигаат до СДСМ секој ден се се позагрижувачки. Доколку Тошковски не излезе во рок од 24 часа да ја...
Соопштение на СДСМ:
Тошковски два дена молчи и се крие од јавноста за скандалозните пропусти кои личат на организирано пуштање на Груби.
Ова е скандал од огромни размери а информациите кои стигаат до СДСМ секој ден се се позагрижувачки.
Доколку Тошковски не излезе во рок од 24 часа да ја каже вистината за случајот, тогаш СДСМ ќе го открие скандалот во целост.
Време е Тошковски да престане да се крие и да одговара за целиот настан.
СДСМ отворено се сомнева дека бегството на Груби не е никаков пропуст, туку станува збор за добро оранизирана работа од страна на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ со Тошковски на чело да се пушти Груби да избега.