Трамп: САД се катастрофа, смешен случај во очите на светот
Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп остро ја критикува актуелната влада во САД нарекувајќи ја земјата под актуелното раководство катастрофа и смешен случај во очите на светот. На платформата Truth Social, Трамп ја обвини актуелната влада за политика на отворени граници, како и за слабо и неефикасно лидерство, што, како што...
Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп остро ја критикува актуелната влада во САД нарекувајќи ја земјата под актуелното раководство катастрофа и смешен случај во очите на светот.
На платформата Truth Social, Трамп ја обвини актуелната влада за политика на отворени граници, како и за слабо и неефикасно лидерство, што, како што рече, доведе до сегашната ситуација.
Тој особено ги критикува Министерството за правда, ФБИ и демократите на државно и локално ниво обвинувајќи ги дека не си ја извршуваат својата работа./Извор:Makfax