Трамп: Украина може да биде руска еден ден, ние си ги сакаме нашите пари назад

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Украина еден ден би можела да биде руска и повтори дека САД инвестирале стотици милијарди долари во земјата и за возврат очекуваат украински ретки минерали. „Можеби ќе има договор меѓу Русија и Украина, или можеби не. Украина еден ден би можела да биде руска,...

февруари 11, 2025 - 18:00
 0  0
Трамп: Украина може да биде руска еден ден, ние си ги сакаме нашите пари назад

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Украина еден ден би можела да биде руска и повтори дека САД инвестирале стотици милијарди долари во земјата и за возврат очекуваат украински ретки минерали.

„Можеби ќе има договор меѓу Русија и Украина, или можеби не. Украина еден ден би можела да биде руска, или можеби не“, рече Трамп во интервју за американски „Фокс њуз“.

Според него, Украина има неверојатно вредна земја кога станува збор за ретки минерали, нафта и гас, а САД сакаат парите што Америка ги вложи во Украина да бидат безбедни, имајќи предвид дека Вашингтон, како што вели, потрошил стотици милијарди долари во Украина.

„Ги сакаме тие пари назад. И реков на Украина дека сакаме еквивалент за тие вложени пари, во форма на ретки минерали во вредност од 500 милијарди долари, на што Киев во суштина се согласи“, рече Трамп.

Како што вели, да немаше таков договор, САД ќе изгледаа глупаво, според медиумот./Извор:Makfax