Циклон над Македонија од петок: Нови најави од синоптичарите, детална прогноза!
Од петок попладне под влијание на циклонска активност ќе започнат врнежи од дожд, а на планините и на повисоките места од снег. Во сабота поради спуштање на студена воздушна маса од север ќе дува засилен северен ветер (над 65 км/час) и врнежите ќе преминат во снег и во некои од...
Од петок попладне под влијание на циклонска активност ќе започнат врнежи од дожд, а на планините и на повисоките места од снег. Во сабота поради спуштање на студена воздушна маса од север ќе дува засилен северен ветер (над 65 км/час) и врнежите ќе преминат во снег и во некои од пониските места. Наместа врнежите ќе бидат пообилни (над 30 л/м2), па на планините снежната покривка позначително ќе се зголеми. Помала снежна покривка се очекува и во некои од пониските места. Преодно стабилизирање на времето ќе има во недела, а од понеделник се очекуваат нови врнежи претежно од снег.
Прогноза за 20.12.2024
Минимална температура: -3°C до 5°C
Максимална температура: 8°C до 14°C
Променливо облачно, претпладне со услови за појава на магла по котлините. Попладне и во текот на ноќта ќе има врнежи од дожд, а на планините и на повисоките места од снег.
Прогноза за 21.12.2024
Минимална температура: 0°C до 6°C
Максимална температура: 1°C до 8°C
Претежно облачно со врнежи од дожд наместа пообилни (над 30 л/м2), а на планините и на повисоките места од снег. Ќе дува засилен северен ветер (над 65 км/час) и врнежите ќе преминуваат во снег и во некои од пониските места. На планините снежната покривка позначително ќе се зголеми, а помала снежна покривка се очекува и во некои од пониските места.
Прогноза за 22.12.2024
Минимална температура: -4°C до 3°C
Максимална температура: 3°C до 9°C
Сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен претежно северен ветер.