Украина: Русија 2.000 пати го прекрши примирјето
Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја обвини Русија во неделата дека го прекршила велигденскиот прекин на огнот повеќе од 2.000 пати, но исто така нагласи дека немало руски воздушен напад во текот на денот. „Од почетокот на денот, руската армија го прекрши примирјето што го прогласи (Владимир) Путин повеќе од 2.000...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја обвини Русија во неделата дека го прекршила велигденскиот прекин на огнот повеќе од 2.000 пати, но исто така нагласи дека немало руски воздушен напад во текот на денот.
„Од почетокот на денот, руската армија го прекрши примирјето што го прогласи (Владимир) Путин повеќе од 2.000 пати. Сепак, денеска немаше предупредување за воздушен напад“, рече Зеленски на Телеграм.
Тој, исто така, предложи да се продолжи примирјето за триесет дена кога станува збор за напади со беспилотни летала и ракетни напади врз цивилната инфраструктура.
„Доколку Русија не се согласи на таков чекор, тоа ќе биде доказ дека планира да продолжи со она што уништува човечки животи и ја продолжува војната“, напиша Зеленски на Икс.
Кремљ претходно објави дека рускиот претседател Владимир Путин не издал наредба за продолжување на велигденскиот прекин на огнот во Украина.
Примирјето што Путин го прогласи во саботата истече на полноќ по московско време (23 часот по македонско време во недела).
Руското Министерство за одбрана објави дека Украина повеќе од илјада пати го прекршила примирјето./Извор:Makfax