(Видео) Израелските сили извршија речиси 480 напади во изминатите два дена врз Сирија
Падот на режимот на Башар ал Асад во Сирија предизвика интензивен израелски воен одговор, вклучувајќи воздушни и копнени операции низ Сирија. Израелските сили извршија околу 480 напади во изминатите два дена, насочени кон стратешки воени објекти, додека израелската морнарица ја гаѓаше сириската флота. Израелскиот министер за одбрана Израел Кац ја...
Падот на режимот на Башар ал Асад во Сирија предизвика интензивен израелски воен одговор, вклучувајќи воздушни и копнени операции низ Сирија. Израелските сили извршија околу 480 напади во изминатите два дена, насочени кон стратешки воени објекти, додека израелската морнарица ја гаѓаше сириската флота.
Израелскиот министер за одбрана Израел Кац ја опиша операцијата како „голем успех“, додека премиерот Бенјамин Нетанјаху го поздрави падот на режимот на Асад како „ново и драматично поглавје“.
#Syria: Israel bombing like crazy tonight.
Latakia port, Masyaf Scientific Complex, Damascus bases and Airbases, Damascus Scientific Complex (Barzah site) are among the many sites bombed in the past hour.
Photo from Damascus pic.twitter.com/VWdgrvrnvu— Qalaat Al Mudiq (@QalaatAlMudiq) December 9, 2024
Нетанјаху изјави дека ваквиот развој на настаните е резултат на израелските напади врз Хамас, Хезболах и Иран и дека геополитичката слика на Блискиот Исток се менува.
Иако израелските власти сметаат дека падот на Асад е позитивен поради неговите врски со Иран и Хезболах, тие се загрижени за иднината на Сирија. Министерот за надворешни работи Гидеон Саар рече дека Израел извршува напади врз објекти со хемиско оружје и ракети со долг дострел за да спречи да паднат во рацете на екстремистите.
„Што доаѓа после тоа останува нејасно“, рече Саар, додавајќи дека Израел ги презема сите можни чекори за да ја осигура својата безбедност во оваа нестабилна ситуација.
ОН и голем дел од меѓународната заедница ги критикуваат израелските потези кои ги сметаат за нарушување на територијалниот интегритет на Сирија и поттикнување на натамошна нестабилност во Сирија.
Од 1967 година Израел ја окупира Голанската висорамнина на тројната граница меѓу Израел, Либан и Сирија, а за време на владеењето на Асад извршуваа напади врз Сирија./Извор:Makfax