(Видео) Клучната руска воздухопловна база во пламен, Украинците го извршија најжестокиот напад од почетокот на војната
Руските градови Саратов и Енгелс синоќа беа цел на најтешкиот напад со беспилотни летала врз регионот Саратов од почетокот на војната, изјави гувернерот Роман Бусаргин, додавајќи дека на аеродромот избувнал пожар. Руските канали на Телеграм објавија дека најпрво бил прогласен воздушен напад, по што следеле серија експлозии. Според каналот MASH,...

Руските градови Саратов и Енгелс синоќа беа цел на најтешкиот напад со беспилотни летала врз регионот Саратов од почетокот на војната, изјави гувернерот Роман Бусаргин, додавајќи дека на аеродромот избувнал пожар.
Руските канали на Телеграм објавија дека најпрво бил прогласен воздушен напад, по што следеле серија експлозии. Според каналот MASH, околу 4 часот по локално време се слушнале најмалку четири експлозии.
Градовите Енгелс и Саратов се наоѓаат во близина на воената воздухопловна база Енгелс-2, од која често полетуваат стратешки бомбардери за да извршат воздушни напади врз Украина. Независниот информативен канал Астра објави дека има експлозии во близина на воздухопловната база.
Според гувернерот Бусаргин, во тек е евакуација на жителите кои живеат во близина на аеродромот. Телеграм каналот Shot објави дека пожар избувнал и во реонот на складиште за нафта во Енгелс. Руските власти не коментираат за можните штети на нафтената инфраструктура.
Руската воздушна одбрана соборила 132 украински беспилотни летала во текот на ноќта, од кои 54 над Саратовската област, 40 над Воронежската област, 22 над Белгородската област и други над Ростов, Курск и Липецк, како и над окупираниот Крим, тврди руското Министерство за одбрана.
Украинската војска не ги коментираше овие тврдења, кои не можеа да бидат независно потврдени./Извор:Makfax
Russian Telegram channels report the largest drone attack on Russian Engels and Saratov, according to the local governor.
It is reported that evacuation was announced in the area of the local airfield (it hosts Russian strategic bombers that attack Ukraine). pic.twitter.com/SyqnzQQ4tH
— Anton Gerashchenko (@Gerashchenko_en) March 20, 2025