Во експлозија во Москва убиен еден од најважните руски генерали

Генерал на руските вооружени сили и неговиот помошник загинаа во експлозија во Москва. Генерал полковник Игор Кирилов, шеф на силите за нуклеарна, биолошка и хемиска одбрана (НБЦ), рано утринава излегувал од станбена зграда кога експлодирала направа скриена во уред, соопшти рускиот истражен комитет. Тие додаваат дека во експлозијата загинал и...

дек 17, 2024 - 17:00
 0  1
Во експлозија во Москва убиен еден од најважните руски генерали

Генерал на руските вооружени сили и неговиот помошник загинаа во експлозија во Москва.

Генерал полковник Игор Кирилов, шеф на силите за нуклеарна, биолошка и хемиска одбрана (НБЦ), рано утринава излегувал од станбена зграда кога експлодирала направа скриена во уред, соопшти рускиот истражен комитет.

Тие додаваат дека во експлозијата загинал и помошникот на Кирилов, пишува Би-би-си.

Во октомври, Обединетото Кралство воведе санкции против Кирилов, тврдејќи дека тој ја надгледувал употребата на хемиско оружје во Украина и дејствувал како „значаен портпарол за дезинформациите на Кремљ“.

Во понеделникот, украинската тајна служба, СБУ, го обвини во отсуство, објавувајќи на Телеграм дека е „одговорен за масовна употреба на забрането хемиско оружје“./Извор:Makfax