Возел под дејство на алкохол и направил сообраќајка – полицијата приведе шофер на опел

Како што соопшти МВР, вчера во 19:05 часот на магистралниот пат Радовиш- Струмица, во близина на крстосница за село Воиславци, радовишко, полициски службеници од СВР Струмица- ОВР Радовиш го лишија од слобода лице(23) од Радовиш. МВР информира дека околу 18:40 часот на наведената локација, тој со патничко возило „опел“ со...

окт 15, 2025 - 14:00
 0
Возел под дејство на алкохол и направил сообраќајка – полицијата приведе шофер на опел

Како што соопшти МВР, вчера во 19:05 часот на магистралниот пат Радовиш- Струмица, во близина на крстосница за село Воиславци, радовишко, полициски службеници од СВР Струмица- ОВР Радовиш го лишија од слобода лице(23) од Радовиш.

МВР информира дека околу 18:40 часот на наведената локација, тој со патничко возило „опел“ со струмички регистарски ознаки, кое го управувал, удрил во банкина покрај патот, а при преземање мерки полициските службеници констатирале дека бил под дејство на алкохол, односно измерени му се 2,25 промили алкохол во крвта.

Лицето е задржано во Полициската станица Радовиш, а за настанот е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Радовиш.

По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.