Времето се менува, студот попушта, доаѓаат дожд и снег – Метеоцентар со детална прогноза за следните 4 дена
Од утре следува период на променливо облачно време со постепен пораст на температурите. По одделни котлини ќе има појава на магла и ниска облачност. Од ноќта кон понеделник ќе има услови за слаб локален дожд, а на планините и на повисоките места повремено ќе провејува слаб снег. Прогноза за 24.02.2025...

Од утре следува период на променливо облачно време со постепен пораст на температурите. По одделни котлини ќе има појава на магла и ниска облачност. Од ноќта кон понеделник ќе има услови за слаб локален дожд, а на планините и на повисоките места повремено ќе провејува слаб снег.
Прогноза за 24.02.2025
Минимална температура: -8°C до 1°C
Максимална температура: 3°C до 9°C
Умерено до значително облачно, попладне и кон крајот на денот ќе има услови за слаб дожд, на планините и на повисоките места слаб снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
Прогноза за 25.02.2025
Минимална температура: -6°C до 2°C
Максимална температура: 4°C до 11°C
Умерено до значително облачно со локален слаб дожд, на планините и на повисоките места со слаб снег. Ќе дува слаб ветер претежно со променлив правец.
Прогноза за 26.02.2025
Минимална температура: -5°C до 3°C
Максимална температура: 6°C до 12°C
Променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.