Зеленски: Не можеме да испратиме половина војска дома, можевме да се предадеме уште првиот ден
Украинскиот претседател Володимир Зеленски повтори дека воена состојба подразбира мобилизација на граѓани на возраст од 25 и повеќе години. Тој рече дека Русија треба да биде принудена да ја прекине војната што е можно поскоро за да можат украинските војници да се вратат дома. „Мобилизацијата во моментов се применува со...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски повтори дека воена состојба подразбира мобилизација на граѓани на возраст од 25 и повеќе години. Тој рече дека Русија треба да биде принудена да ја прекине војната што е можно поскоро за да можат украинските војници да се вратат дома.
„Мобилизацијата во моментов се применува со закон за граѓаните на возраст од 25 години и постари. Мобилизацијата е во тек и обезбедува доволен број луѓе“, рече Зеленски на италијанската новинарка Сесилија Сала во интервју за италијанскиот весник „Ил Фољо“.
Зеленски призна дека има барања да се пуштат украинските војници дома, но истакна дека сегашното законодавство не го дозволува тоа.
„Сегашната ситуација вклучува мобилизација на луѓето и сите расположливи ресурси во земјата – апсолутно сè“, објасни тој.
Вонредната состојба е во сила речиси три години.
„Тоа е, за жал, предизвикот на оваа војна и затоа е важно да се стави крај на неа што е можно поскоро, да се принуди Русија да запре. Денес се браниме, можевме да се предадеме уште првиот ден. Тоа е реалноста.
Инаку, на барање на претседателот, украинскиот парламент ја продолжува вонредната состојба и општата мобилизација во Украина од февруари 2022 година. Како резултат на тоа, вонредната состојба и мобилизацијата се во сила во Украина речиси три години од почетокот на целосна руска инвазија.
На 15 јануари, украинскиот парламент гласаше за нацрт-законите за продолжување на вонредната состојба и мобилизација во Украина од 8 февруари до 9 мај 2025 година./Извор:Makfax