Зеленски пристигна во Лондон и порача дека американската поддршка е од клучно значење за Украина
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, при пристигнувањето во главниот град на Велика Британија, Лондон, изјави дека американската поддршка е од клучно значење за Украина. Предвидено е Зеленски денеска да има средба со Кир Стармер, а утре да присуствува на средбата организирана од британскиот премиер со повеќе европски лидери, на која...

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, при пристигнувањето во главниот град на Велика Британија, Лондон, изјави дека американската поддршка е од клучно значење за Украина.
Предвидено е Зеленски денеска да има средба со Кир Стармер, а утре да присуствува на средбата организирана од британскиот премиер со повеќе европски лидери, на која ќе се разговара за идниот мировен договор за Украина и негово спроведување.
Зеленски пристигна во Лондон од САД, каде синоќа имаше вербален судир со американскиот претседател и потпретседател, Доналд Трамп и Џеј Ди Венс. Поради што беше откажана заедничката прес-конференција и не беше потпишан договорот за експлоатација на украинските минерални ресурси, според кој приходите од минералите ќе бидат депонирани во заеднички американско-украински фонд, а за возврат Украина да добие американски безбедносни гаранции./Извор:Makfax