ЈП Водовод и канализација – Скопје со акција за отплата на долгови без пресметка на камата

ЈП Водовод и канализација – Скопје ја известува јавноста и граѓаните на град Скопје, дека акцијата за отплата на долговите без пресметка на камата за задоцнето плаќање е во тек. Акцијата за отплата на долговите на рати без камата е со определено времетраење и започнува од 17.02.2025 година, а завршува...

февруари 16, 2025 - 00:00
 0  1
ЈП Водовод и канализација – Скопје со акција за отплата на долгови без пресметка на камата

ЈП Водовод и канализација – Скопје ја известува јавноста и граѓаните на град Скопје, дека акцијата за отплата на долговите без пресметка на камата за задоцнето плаќање е во тек.

Акцијата за отплата на долговите на рати без камата е со определено времетраење и започнува од 17.02.2025 година, а завршува заклучно со 02.04.2025 година.

„Ги повикуваме сите корисници кои имаат заостанат долг за потрошена вода (тужен и редовен), да ја искористат можноста за плаќање на рати без пресметана камата.

Одлуката за спроведување на акцијата за отплата на заостанатите долгови без пресметка на камата не важи за органите на државната и локалната власт и другите државни органи основани согласно Уставот и со закон и институциите кои вршат дејности од јавен интерес утврден со закон, а организирани како агенции, фондови, јавни установи и јавни претпријатија основани од Република Македонија или од општините, од градот Скопје, како и од општините во градот Скопје.

По истекот на овој период одлуката престанува да важи.“ – соопшти ЈП Водовод и канализација – Скопје.