Американец заработил 100.000 долари и добил данок од 34,6 милијарди долари

Многумина би сакале едно утро да се разбудат како милијардери, но еден Американец, кој ја имал таа можност, доживеал шок. Бери Тангерт од Ланкастер бил шокиран кога даночниците пресметале дека треба да им плати 34 милијарди долари. Овој Американец, кој вообичаено тврдел дека заработува 100.000 долари годишно, целосно се изненадил...

мај 7, 2024 - 17:02
 0  2
Американец заработил 100.000 долари и добил данок од 34,6 милијарди долари

Многумина би сакале едно утро да се разбудат како милијардери, но еден Американец, кој ја имал таа можност, доживеал шок. Бери Тангерт од Ланкастер бил шокиран кога даночниците пресметале дека треба да им плати 34 милијарди долари.

Овој Американец, кој вообичаено тврдел дека заработува 100.000 долари годишно, целосно се изненадил кога ја видел огромната бројка на својата сметка.

Одделот за приходи на Пенсилванија му испратил сметка во која пишувало дека ѝ должи на државата 34.576.826.561,47 долари.

Тангерт за американските медиуми изјави дека знаел оти тоа е очигледна грешка бидејќи не заработува повеќе од 100.000 долари годишно, па нема шанси да должи ни приближно до таа сума.

„Не знам дали се работи за компјутерска грешка во преносот или дали е грешка при внесување на моите податоци“, додаде Бери Тангерт.

Тангерт рече дека се обратил до Одделот за приходи и службеникот рече: „Имавте добра година“, на што рече дека посакувал да има.

Бери Тангерт сѐ уште не добил официјално објаснување од властите како дошло до грешка што го „задолжиле“ за милијарди долари.

Управата за приходи за американските медиуми изјавила дека тоа што се случило е „изолиран инцидент бидејќи во системот биле внесени погрешни бројки“, пренесува „Спутник“./Извор:Makfax