Се е подготвено за концертот на Брега

23 март (сабота) е датумот кога „оној што нема да полуди, не е нормален“… како што вели Горан Бреговиќ, а кој во Скопје доаѓа на големиот славенички концерт закажан во СЦ „Јане Сандански“. Бреговиќ во Скопје, како што најави неодамна, ќе свири добар концерт со неговиот Оркестар за свадби и...

јуни 13, 2024 - 05:00
 0  7
Се е подготвено за концертот на Брега

23 март (сабота) е датумот кога „оној што нема да полуди, не е нормален“… како што вели Горан Бреговиќ, а кој во Скопје доаѓа на големиот славенички концерт закажан во СЦ „Јане Сандански“. Бреговиќ во Скопје, како што најави неодамна, ќе свири добар концерт со неговиот Оркестар за свадби и погреби.

„Ќе биде забавно, ќе свирам сешто – и ново и старо, ќе биде лудо – ‘Кој нема да полуди, тој не е нормален’“, рече Брега во својата видеопорака упатена до македонската публика.
Во Скопје тој ќе свири со „појачан“ оркестар составен од 17 музичари. Ќе се свири сѐ, кога станува збор за репертоарот, а за стартот на свирката ќе бидат задолжени Леб и сол, како некогаш во далечната 1977 година. Тогаш Леб и сол и Бијело дугме прв пат застанале на иста сцена, и тоа во Скопје, но не и последен, зашто следувале уште неколку заеднички дружби ширум целата поранешна држава. Сега, после речиси 47 години следува реприза, но не како тогаш на Градски стадион, туку во СЦ „Јане Сандански“. 60-минутниот настап на Леб и сол ќе биде своевидно патување низ времето и враќање во далечната 1977 година кога членовите чекајќи го миксањето на деби албумот за ПГП РТБ ја добиле понудата да бидат предгрупа на „бандата“ на Бреговиќ.
Скопскиот концерт е славенички зашто е закажан во годината кога се одбележуваат јубилејни 50 години од основањето на легендарните Бијело дугме и е на само еден ден по прославата на 74. роденден на Горан Бреговиќ, најголемата рок легенда на балканските простори.

Влезниците за големиот солистички концерт во Скопје може да се купат преку https://www.kupikartizase.com/ и на сите нивни продажни места, и тоа по цени од 1.200 денари за партерот, 1.800 за фанпитот, сребрените и златните седишта чинат 1.400 и 1.800 денари, додека влезницте за вип делот се 2.500 денари.

Почетокот на концертот е закажан во 20:30 часот кога на сцената треба да застанат Леб и сол. Веднаш по нив ќе следува Брега со неговиот оркестар, и да, можеби репертоарот ќе биде изненадување, но не и журката – таа е загарантирана.