Австралија, Канада и Нов Зеланд бараат итен прекин на огнот во Газа

Лидерите на Канада, Австралија и Нов Зеланд денеска заеднички повикаа на итен хуманитарен прекин на огнот во Газа, се вели во соопштението објавено како одговор на извештаите за планирана израелска офанзива во Рафах. „Многу сме загрижени поради знаците дека Израел планира копнена офанзива во Рафах. Воена операција во Рафах би...

февруари 15, 2024 - 12:00
 0  4
Австралија, Канада и Нов Зеланд бараат итен прекин на огнот во Газа

Лидерите на Канада, Австралија и Нов Зеланд денеска заеднички повикаа на итен хуманитарен прекин на огнот во Газа, се вели во соопштението објавено како одговор на извештаите за планирана израелска офанзива во Рафах.

„Многу сме загрижени поради знаците дека Израел планира копнена офанзива во Рафах. Воена операција во Рафах би била катастрофална“, изјавија премиерите на трите земји.

„Итно е потребно хуманитарно примирје, веднаш“, предупредија тие.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вчера изјави дека Израел ќе започне офанзива против Хамас во Рафах откако цивилите ќе ја напуштат областа.

Во близина на тој град на југот на Појасот Газа, на самата граница со Египет, има повеќе од еден и пол милион Палестинци бегалци од другите делови на енклавата.