Бајден побара од Конгресот да ѝ продаде авиони „ф-16“ на Турција без одлагање

Американскиот претседател Џо Бајден во средата испрати писмо до лидерите на клучните одбори на Капитол Хил, во кое ги информира за неговата намера да почне формален процес за продажба на авиони „локхид мартин ф-16“ на Турција откога Анкара ќе го заврши процесот за пристапување на Шведска во НАТО. Во писмото...

Јан 25, 2024 - 14:00
 0  1
Бајден побара од Конгресот да ѝ продаде авиони „ф-16“ на Турција без одлагање

Американскиот претседател Џо Бајден во средата испрати писмо до лидерите на клучните одбори на Капитол Хил, во кое ги информира за неговата намера да почне формален процес за продажба на авиони „локхид мартин ф-16“ на Турција откога Анкара ќе го заврши процесот за пристапување на Шведска во НАТО.

Во писмото до највисоките републиканци и демократи во одборот за надворешни работи на Сенатот и Претставничкиот дом, Бајден побарал продажбата да биде одобрена без одлагање, рече американскиот функционер.

Белата куќа испрати писмо до членовите на Конгресот во средата, во кое бара одобрение за продажба на авиони „ф-16“ и опрема за модернизација на Турција.

Турскиот парламент во вторникот ја ратификува кандидатурата на Шведска за членство во НАТО отстранувајќи ја големата пречка за проширувањето на западната воена алијанса по 20-месечно одложување.

Доцнењето на Турција со одобрувањето на ратификацијата беше главна пречка за добивање одобрение од Конгресот за договорот за борбени авиони. Пратениците рекоа дека чекаат одобрение од Турција за членството на Шведска во НАТО – вклучително и потписот на претседателот Таип Ердоган – пред да одлучат дали да ја одобрат продажбата.

Белата куќа не одговори на барањето за коментар.