Бил Гејтс донира 50 милиони долари на Камала Харис: „Овие избори се поразлични“

Основачот на „Мајкрософт“, Бил Гејтс, ја поддржа демократската потпретседателка на САД, Камала Харис, во претседателската трка во 2024 година, пишува „Њујорк Тајмс“. Извори блиски до Гејтс потврдија дека милијардерот донирал околу 50 милиони долари на непрофитна организација која ја поддржува Камала Харис. Во изјава за Тајмс, Гејтс ниту ја потврди...

окт 23, 2024 - 11:00
 0  2
Бил Гејтс донира 50 милиони долари на Камала Харис: „Овие избори се поразлични“

Основачот на „Мајкрософт“, Бил Гејтс, ја поддржа демократската потпретседателка на САД, Камала Харис, во претседателската трка во 2024 година, пишува „Њујорк Тајмс“.

Извори блиски до Гејтс потврдија дека милијардерот донирал околу 50 милиони долари на непрофитна организација која ја поддржува Камала Харис.

Во изјава за Тајмс, Гејтс ниту ја потврди ниту ја демантираше донацијата, но рече: „Овие избори се поразлични“.

Според извештајот на „Тајмс“, Гејтс е загрижен за економските политики на поранешниот претседател Доналд Трамп и можните кратења на планирањето на семејството и глобалните здравствени програми, клучни прашања за Фондацијата Бил и Мелинда Гејтс.

Донацијата на Гејтс за поддршка на демократската кандидатка доаѓа откако во последните денови се промени мислењето за нејзините шанси да го победи Трамп на претседателските избори. Платформата Polymarket, која го предвидува движењето на криптовалутите, објави облози од 2,3 милијарди долари за исходот од изборите и предвиде победа на Трамп.

Милијардерот инвеститор Стенли Дракенмилер минатата недела во интервју за Блумберг сугерираше дека инсајдерите на пазарот се залагаат за победа на Трамп.

Поранешната сопруга на Бил Гејтс, исто така милијардер, филантроп Мелинда Френч Гејтс, ја поддржа Харис во јули и направи голема донација за нејзината кампања./Извор:Makfax