(Видео) Трамп: За мене најубавиот збор на светот е царина
Републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп ги бранеше своите протекционистички трговски политики и другите фискални предлози, отфрлајќи ги оценките дека тие би можеле да го зголемат федералниот долг, да ги антагонизираат сојузниците и да и наштетат на американската економија. „Ние сме целосно посветени на растот. Ќе ги вратиме компаниите во нашата...
Републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп ги бранеше своите протекционистички трговски политики и другите фискални предлози, отфрлајќи ги оценките дека тие би можеле да го зголемат федералниот долг, да ги антагонизираат сојузниците и да и наштетат на американската економија.
„Ние сме целосно посветени на растот. Ќе ги вратиме компаниите во нашата земја“, рече поранешниот претседател во повремено напнато интервју во Економскиот клуб во Чикаго.
Главниот уредник на Bloomberg News, Џон Миклтвејт, кој го модерираше разговорот, ги наведе проекциите на аналитичарите дека плановите на Трамп ќе додадат 7,5 трилиони долари на федералниот долг до 2035 година, што е двојно повеќе од политиките што ги застапува демократскиот ривал на Трамп, потпретседателката Камала Харис.
Трамп инсистираше на тоа дека неговите трговски политики, кои вклучуваат високи царини не само за увоз од ривали како Кина, туку и од сојузници како Европската унија, ќе го ревитализираат американското производство и ќе донесат доволно приходи за да ја олеснат загриженоста за зголемениот дефицит.
„За мене најубавиот збор на светот е царина“, рече Трамп.
Некои трговски експерти тврдеа дека царините може да и наштетат на американската економија, да ги загрозат работните места и да ги зголемат цените.
„Се што треба да направите е да изградите свои фабрики во САД и нема да имате царини“, рече Трамп. „Се согласувам дека ќе има огромно влијание, но позитивно, а не негативно“.
Трамп повтори дека ќе наплаќа високи царини за увезените возила склопени во Мексико, дури 200 отсто. Тој, исто така, рече дека ќе воведе царини за автомобили увезени од земји како Германија за да ги принуди странските компании да произведуваат во САД./Извор:Makfax