Бил Клинтон хоспитализиран
Поранешниот американски претседател Бил Клинтон е хоспитализиран во Вашингтон откако разви треска, изјави неговиот главен помошник за Ен-би-си Њуз во понеделникот. Клинтон (78) беше примен во Универзитетската болница „Медстар Џорџтаун“ на тестирање и набљудување откако му се покачи температурата“, рече Анхел Урења, заменик шеф на кабинетот на Клинтон. „Тој е...
Поранешниот американски претседател Бил Клинтон е хоспитализиран во Вашингтон откако разви треска, изјави неговиот главен помошник за Ен-би-си Њуз во понеделникот.
Клинтон (78) беше примен во Универзитетската болница „Медстар Џорџтаун“ на тестирање и набљудување откако му се покачи температурата“, рече Анхел Урења, заменик шеф на кабинетот на Клинтон.
„Тој е добро расположен и е благодарен за грижата што ја добива“, изјави Урења.
Извор близок до поранешниот претседател изјави дека ситуацијата „не е итна“.
„Поранешниот претседател ќе биде добро. Имаше треска и сакаше да се провери. Тој е буден и свесен“, рекол изворот./Извор:Makfax