САД предупредуваат: Вмешаноста на Пјонгјанг во војната мора да престане
Американскиот Стејт департмент соопшти дека е загрижен поради директното вклучување на Северна Кореја во војната на Русија во Украина и дека распоредувањето на воени сили на Пјонгјанг во Русија мора да заврши. „Остануваме загрижени за директното вклучување на Северна Кореја во војната. Военото распоредување на Северна Кореја во Русија и...

Американскиот Стејт департмент соопшти дека е загрижен поради директното вклучување на Северна Кореја во војната на Русија во Украина и дека распоредувањето на воени сили на Пјонгјанг во Русија мора да заврши.
„Остануваме загрижени за директното вклучување на Северна Кореја во војната. Военото распоредување на Северна Кореја во Русија и каква било поддршка што Руската Федерација ѝ ја дава на Северна Кореја за возврат мора да престане“, изјави портпаролот на Стејт департментот во е-пошта, истакнувајќи дека трети земји како Северна Кореја „носат одговорност“ за војната.
Северна Кореја претходно денес за прв пат потврди дека испратила војници да се борат за Русија во војната со Украина по наредба на лидерот Ким Џонг-ун./Извор:Makfax