Бочварски: ВМРО-ДПМНЕ потфрли, реализирани само 60% капитални инвестиции

ВМРО-ДПМНЕ најавуваше реализација на капитални инвестиции со силен раст и брза реализација, од една страна во делот на националните проекти како изградба на патишта и гасоводи, училишта и градинки, канализации и водоводи, и секако од друга страна поддршка за општините преку реализација на локални проекти, истакна пратеникот на СДСМ Благој...

дек 18, 2024 - 17:00
 0  1
Бочварски: ВМРО-ДПМНЕ потфрли, реализирани само 60% капитални инвестиции

ВМРО-ДПМНЕ најавуваше реализација на капитални инвестиции со силен раст и брза реализација, од една страна во делот на националните проекти како изградба на патишта и гасоводи, училишта и градинки, канализации и водоводи, и секако од друга страна поддршка за општините преку реализација на локални проекти, истакна пратеникот на СДСМ Благој Бочварски на денешната собраниска седница, посветена на пратенички прашања.

Бочварски нагласи дека до 18 декември, до пред крај на годината реализацијата на капиталните инвестиции, и покрај кратењето со ребалансот, е само 60%, а за наредната година се проектирани 800 милиони евра за капитални инвестиции.

Ветувавте намален дефицит, добивме зголемен дефицит, ветувавте намален јавен долг, добивме зголемен јавен долг од над 62%, ветувавте помалку трошење и штедење, а добивме историски најголем буџет од 6,5 милијарди евра. Сега повторно ветувате високо ниво на капитални инвестиции во 2025 година, а реализацијата до денес за 2024 година е само 60%. Прашањето ми е колку очекувате дека ќе реализирате од овие 800 милиони евра за капитални инвестиции, во апсолутна бројка, 500, 600, 700 или можеби сите 800 милиони евра во наредната 2025 година имајќи предвид дека според досегашната работа јасно се гледа дека во тековната 2024 година потфрливте во реализацијата, ја запраша пратеникот на СДСМ Благој Бочварски, министерката за финансии.