Голема временска прогноза за регионот и Европа: каде ќе врне пороен дожд, а каде ќе има летни температури за Велигден

Април е месец кој се карактеризира со повеќе од променливо време, па како што може да ги прикаже летните временски услови, може да покаже и вистински зимски временски услови. Сепак, синоптичката ситуација е таква во која се очекува време што личи на вистинска пролет. За претстојниот празник Велигден времето во...

април 16, 2025 - 17:00
 0  5
Голема временска прогноза за регионот и Европа: каде ќе врне пороен дожд, а каде ќе има летни температури за Велигден

Април е месец кој се карактеризира со повеќе од променливо време, па како што може да ги прикаже летните временски услови, може да покаже и вистински зимски временски услови. Сепак, синоптичката ситуација е таква во која се очекува време што личи на вистинска пролет.

За претстојниот празник Велигден времето во Европа ќе биде многу пријатно и пролетно. Силен циклон ќе има над западна Европа, а подрачје со висок притисок на истокот од континентот. Ваквата синоптичка ситуација ќе предизвика преовладување јужни висински струи, па од Медитеранот ќе пристигне топла воздушна маса. Поради претстојните празници, многумина ќе патуваат во разни делови од регионот и Европа, па сите погледи се вперени во временската прогноза.

Словенија, Хрватска, Црна Гора
Првиот ден од викендот во регионот ќе биде сончев и топол. Самиот Велигден ќе донесе влијание на циклон од запад и многу влажност, па врнежи од дожд се очекуваат во целиот регион, а по должината на Јадранското Море, од словенечкото крајбрежје на север преку хрватското крајбрежје, па сè до црногорското и албанското крајбрежје, ќе има врнежи од дожд и грмежи. Максималната температура ќе биде претежно од 20 до 24°С. Самиот почеток на следната недела ќе донесе почести врнежи и малку посвежо време.

Грција
Во цела Грција за Велигден се очекува сончево и топло време. Небото над Грција од петок до викендот ќе биде претежно ведро, температурите во северна Грција и во поширокото подрачје на Солун ќе се движат од 20 до 25 степени, а во областите на југот до летните 27 степени.

Истанбул
Во поширокото подрачје на Истанбул ќе биде претежно суво и пријатно топло со наизменични сончеви и облачни периоди. Максималната температура ќе се движи претежно на многу пријатни 20 степени.

Виена, Будимпешта
За празничниот викенд ќе биде топло, со променливи сончеви и облачни интервали. Максималната температура ќе биде претежно од 20 до 22. Утрата ќе бидат нешто посвежи, со минимална температура околу 7 степени. Сепак, почетокот на неделата ќе донесе облачност со повремени врнежи од дожд, како и малку пониски температури. Циклонска активност од запад ќе донесе облачност и локални врнежи од дожд и грмежи в понеделник, како и малку посвежо време.

Италија
Во текот на викендот и за Велигден од северна Италија и на Алпите до јужниот дел на земјата и на Сицилија ќе има променливо облачно време, со повремени врнежи и грмежи. Нестабилно ќе биде и на поширокото подрачје на Трст и Венеција, но со повремени сончеви периоди. Најмногу врнежи ќе има во подножјето на Алпите. Максималната температура ќе биде претежно од 16 до 20 степени по должината на јадранското крајбрежје, а во внатрешноста и на Сицилија од 20 до 24 степени.

Шпанија
Во крајбрежниот дел на источна и јужна Шпанија, Велигден ќе донесе сончево и топло време, со максимални температури околу 20 степени, кои на почетокот на следната недела ќе се искачат до летни 25 степени, а локално и до 27 степени.

Кипар
Кипар за Велигден го очекува вистинско летно време. Максималната температура на крајбрежјето ќе биде од 25 до 27 степени, а во внатрешноста на Кипар и во Никозија околу 30 степени.

Малта
Суво, но нешто попријатно време од Кипар, а максималната температура ќе има вредност меѓу 20 и 24°С.

Кога станува збор за температурата на морската површина на Средоземното Море, медитеранските води сè се уште студени и неповолни за капење и престој во море, со оглед на тоа што температурите главно ќе се движат од 15 до 18 степени./Извор:Makfax