Бурата „Кирк“ предизвика хаос во Франција: 12 повредени, десетици евакуирани, без струја 67.000 домови

Вкупно 12 лица се повредени како последица од ударот на бурата „Кирк“ во Франција, којашто оваа недела ја зафати целата земја, пренесоа француските медиуми, Едно лице е тешко повредено кога неговиот автомобил бил однесен од пороен дожд во департманот Лоара-Атлантик, објави „БФМТВ“. Црвеното предупредување или метеоаларм останува на сила во...

окт 12, 2024 - 15:00
 0  2
Бурата „Кирк“ предизвика хаос во Франција: 12 повредени, десетици евакуирани, без струја 67.000 домови

Вкупно 12 лица се повредени како последица од ударот на бурата „Кирк“ во Франција, којашто оваа недела ја зафати целата земја, пренесоа француските медиуми,

Едно лице е тешко повредено кога неговиот автомобил бил однесен од пороен дожд во департманот Лоара-Атлантик, објави „БФМТВ“.

Црвеното предупредување или метеоаларм останува на сила во северните француски департмани Сен-Е-Марн и Ер-и-Лоар, соопшти националната метеоролошка служба Метео Франс.

Десетици луѓе се евакуирани од департманите Сена и Марна и Ер-и-Лоар, според „БФМТВ“, додавајќи дека оние кои немаат пристап до своите домови се привремено сместени во гимназии.

Според метеоролошката служба, овогодинешните врнежи во Франција веќе ја надминале нормата за 30 отсто.

Периодот од 1 јануари до 9 октомври бил највлажен од 1959 година, додека средата бил највлажниот ден во годината. Според податоците на електро операторот, поради невремето без струја останале околу 67.000 домови.

Жолтата метеоролошка тревога останува на сила во Париз, каде што е забележан најсилниот дожд од 1920 година. Кабинетот на градоначалникот на Париз соопшти дека нивото на водата во реката Сена се искачи на околу 2,7 метри и дека се очекува дополнително да се зголеми.

Бурата „Кирк“ се формираше на крајот на септември во централниот дел на Атлантскиот Океан југозападно од Кејп Верде./Извор:Makfax