Драма среде операција во клиничката болница во Штип – Влегол во салата каде докторите оперирале и се обидел да го земе апаратот за анестезија
СВР Штип поднесе кривична пријава против маж(65) од Штип поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад врз здравствен работник и здравствен соработник при вршење на здравствена дејност“. На 05.02.2025, пријавениот, лекар во Клиничка болница Штип, влегол во една од салите за операција каде се изведувала операција и...

СВР Штип поднесе кривична пријава против маж(65) од Штип поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад врз здравствен работник и здравствен соработник при вршење на здравствена дејност“.
На 05.02.2025, пријавениот, лекар во Клиничка болница Штип, влегол во една од салите за операција каде се изведувала операција и се обидел да го земе апаратот за анестезија, при што физички нападнал негов колега кој ја вршел интервенцијата.