СДСМ: Морален пораз за Тошковски и ДПМНЕ е советничка да поднесе оставка а тој не!
-Морален пораз за Тошковски и ДПМНЕ е советничка во Советот на општина Кочани од оваа партија да поднесе оставка од морални причини а тој не, велат од СДСМ. „По најголемата трагедија во државата којашто се случи во Кочани требаше да има морална одговорност на оној кој бил на чело на...

-Морален пораз за Тошковски и ДПМНЕ е советничка во Советот на општина Кочани од оваа партија да поднесе оставка од морални причини а тој не, велат од СДСМ.
„По најголемата трагедија во државата којашто се случи во Кочани требаше да има морална одговорност на оној кој бил на чело на институцијата којашто била задолжена за безбедноста, а тоа е Министерството за внатрешни работи.
Кривичната одговорност е нешто што треба да го утврди истрагата, за сите инволвирани. Но, за вакви трагедии мора да има чувство и за морална одговорност.
Јавноста сведочи и на селективност во досегашниот тек на истргата.
Се уште не се бара никаква одговорност од оние кои кобната вечер биле на функции и директно одговорни за превенцијата, безбедноста и соодветната реакција а се под надлежност на МВР.
Вечерта на трагедијата, постоеле одговорни раководители во ОВР Кочани, СВР Штип и БЈБ кои биле на позиција. Имало полицајци на лице место – виделе што се случува, имале увид во состојбата, знаеле дека има малолетници, пиротехника но не презеле ништо. И денес, никој од нив не е опфатен со истрагата.
Дури и дозволата за употреба на пиротехнички средства – директна причина за пожарот – паѓа под надлежност на МВР. А од МВР, ниту еден актуелен функционер не е осомничен.
Зошто нема одговорност за дежурните полициски службеници, раководители и функционери?
Зошто се гонат лица кои воопшто не биле надлежни во моментот на трагедијата, а не оние што требале да реагираат и спасат животи?
Дали ова не е понижување на правдата и селективна заштита на функционери блиски до Тошковски и ВМРО-ДПМНЕ? “ – се вели во соопштението на СДСМ.