Две влади, еден јазик – каде исчезна македонскиот јазик од меѓувладината седница во Приштина?
Официјалните позадини, банери и информативни материјали на денешната меѓувладина конференција помеѓу Косово и Северна Македонија беа само на албански јазик, без превод или употреба на македонскиот јазик кој според закон е единствен официјален јазик на државата за надворешна употреба. На ваквиот скандал немаше никаква реакција од премиерот Христијан Мицкоски, како...
Официјалните позадини, банери и информативни материјали на денешната меѓувладина конференција помеѓу Косово и Северна Македонија беа само на албански јазик, без превод или употреба на македонскиот јазик кој според закон е единствен официјален јазик на државата за надворешна употреба.
На ваквиот скандал немаше никаква реакција од премиерот Христијан Мицкоски, како ни од останатите членови на Владата, иако досегашната пракса покажува дека секогаш материјалите треба да бидат на двата јазици на партнерските влади.
На претходните меѓувладини конференции, како на таа со Унгарија, но и претходно со Црна Гора, сите материјали и документи беа презентирани двојазично.
Ваквиот потег на Косово отвора прашања за односите меѓу двете држави и за меѓусебната почит кон културните и јазичните права, особено во контекст на регионалната соработка и добрососедските односи.