“Е*ам глупи за каузата” – ова е речникот на Петар Богојески, избран за директор на Национална агенција за Еразмус
Петар Богојески, личност позната по својата агресивна и навредлива комуникација на социјалните мрежи, е назначен за нов директор на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност. Владата го избра Богојески за да работи на унапредување на образованието, мобилноста и соработката во рамките на европските програми, со цел да се...

Петар Богојески, личност позната по својата агресивна и навредлива комуникација на социјалните мрежи, е назначен за нов директор на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност.
Владата го избра Богојески за да работи на унапредување на образованието, мобилноста и соработката во рамките на европските програми, со цел да се промовираат вредности како меѓукултурен дијалог, еднаквост и социјална кохезија. Сепак, неговото однесување на социјалните мрежи сериозно го доведува во прашање неговиот капацитет да ги исполни овие цели.
Богојески редовно се служи со навредлив речник кога комуницира со оние што не ги споделуваат неговите ставови. Тој покажува ниско ниво на комуникација со навреди за физички изглед, но и пцовки и користење погрдни и омаловажувачки изрази што се далеку од професионалниот стандард очекуван од човек на таква позиција.
„Јас сум јавач на жена ти“, „стока неписмена“, „ти си неписмен“, „наркоман си?“, се дел од коментарите кои Богојески ги остава на социјалните мрежи кон неговите неистомисленици, а често може да се забележат и пораки на англиски кон западни дипломати во кои и нив ги нарекува болни луѓе и ги пцуе.
Агенцијата има цел да го зајакне доживотното учење и да промовира активно граѓанство, но Богојески со своите испади покажува спротивно од овие вредности. Неговите напади врз поединци, често проследени со вулгарности, го прават несоодветен избор за лидер на институција што треба да гради мостови меѓу различни култури и заедници.