Откажани мировните преговори за Украина

Мировните преговори за Украина, кои беа закажани за денеска во Лондон, а требаше да ги води британскиот министер за надворешни работи, Дејвид Лами, се одложени, соопшти британското Министерство за надворешни работи. Во соопштението се наведува дека состанокот за мировните преговори за Украина со министрите за надворешни работи закажан за денеска...

април 23, 2025 - 17:00
 0  0
Откажани мировните преговори за Украина

Мировните преговори за Украина, кои беа закажани за денеска во Лондон, а требаше да ги води британскиот министер за надворешни работи, Дејвид Лами, се одложени, соопшти британското Министерство за надворешни работи.

Во соопштението се наведува дека состанокот за мировните преговори за Украина со министрите за надворешни работи закажан за денеска (среда) е одложен.

Во исто време, се додава дека разговорите на официјално ниво ќе продолжат зад затворени врати, без присуство на медиумите, пренесува „Гардијан“.

Дипломати од Велика Британија, Франција, Германија, Украина и од САД денеска требаше да одржат нова рунда разговори во Лондон со цел постигнување прекин на огнот во тригодишната војна меѓу Украина и Русија. Меѓутоа, кога украинскиот претседател Володимир Зеленски го отфрли предлогот на САД за признавање на анектираниот Крим како дел од Русија, министерот за надворешни работи на САД го откажа своето патување во Лондон.

По него, учеството на денешната рунда дијалог го откажаа и други врвни дипломати, кои во Лондон испратија пониски функционери.

Претходната рунда мировни преговори за Украина се одржа во Париз, а на неа присуствуваа претставници на САД, Франција, Велика Британија, Германија и на Украина./Извор:Makfax