Египетските власти: Хамас ги напушта преговорите во Каиро, разговорите во ќор-сокак

Египетските власти денеска објавија дека преговорите за прекин на огнот во Појасот Газа дошле во ќор-сокак поради барањето на Хамас за фазен прекин на војната. Делегацијата на таа милитантна палестинска група го напушти Каиро, местото на преговорите, за да одржи консултации, а според египетскиот ТВ-канал „Ал-Каиро њуз“, разговорите ќе продолжат...

Мар 7, 2024 - 16:00
 0  1
Египетските власти: Хамас ги напушта преговорите во Каиро, разговорите во ќор-сокак

Египетските власти денеска објавија дека преговорите за прекин на огнот во Појасот Газа дошле во ќор-сокак поради барањето на Хамас за фазен прекин на војната.

Делегацијата на таа милитантна палестинска група го напушти Каиро, местото на преговорите, за да одржи консултации, а според египетскиот ТВ-канал „Ал-Каиро њуз“, разговорите ќе продолжат следната недела.

Официјални лица изјавија за АП дека Хамас се согласил со главните услови од договорот од првата фаза, но сакале гаранции дека тоа ќе доведе до траен прекин на огнот, според „Тајмс оф Израел“.

Хамас соопшти дека нема да ги ослободи преостанатите заложници, без целосно повлекување на израелската армија од Појасот Газа, пишува израелскиот весник.

Милитантната група исто така бара ослободување голем број палестински затвореници од израелските затвори, вклучително и оние што се осудени за тешки злосторства.

Висок функционер на Хамас, Абу Зухри, рече дека Израел ги отфрлил сите напори на посредниците да постигнат договор за прекин на огнот.