Фатени на дело! Возило без ознаки полно со огревни дрва запрено од полицијата

Секторот за внатрешни работи Битола поднесе кривична пријава против двајца мажи од општина Пласница, еден на возраст од 64 години и друг на возраст од 27 години , поради сомнение дека сториле кривично дело „кражба“. На 6 ноември 2025 година, во селото Пласница, пријавените биле затекнати со патничко возило „Опел...

дек 5, 2025 - 19:30
 0
Фатени на дело! Возило без ознаки полно со огревни дрва запрено од полицијата

Секторот за внатрешни работи Битола поднесе кривична пријава против двајца мажи од општина Пласница, еден на возраст од 64 години и друг на возраст од 27 години , поради сомнение дека сториле кривично дело „кражба“.

На 6 ноември 2025 година, во селото Пласница, пријавените биле затекнати со патничко возило „Опел Фронтера“ без регистарски таблички, во кое превезувале нежигосани огревни дрва без потребна документација.