Градоначалникот Коњановски ја прими амбасадорката на Израел

ПРИЕМ НА АМБАСАДОРКАТА НА ИЗРАЕЛ Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски денеска оствари средба со амбасадорката на Израел, Вивиен Аисен. Соговорниците ги потврдија одличните билатерални и пријателски односи меѓу двете земји, а градоначалникот на Битола ја запозна амбасадорорката со личната карта на Битола, нејзината историска, културна и економска важност за земјата...

дек 16, 2025 - 20:30
 0
Градоначалникот Коњановски ја прими амбасадорката на Израел

ПРИЕМ НА АМБАСАДОРКАТА НА ИЗРАЕЛ

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски денеска оствари средба со амбасадорката на Израел, Вивиен Аисен.

Соговорниците ги потврдија одличните билатерални и пријателски односи меѓу двете земји, а градоначалникот на Битола ја запозна амбасадорорката со личната карта на Битола, нејзината историска, културна и економска важност за земјата и можностите за взаемна соработка.

Посебен акцент беше ставен на развојот на туризмот и продолжување на комуникацијата со израелскиот град Бат Јам.

Коњановски и Аисен зборуваа и за историјата на Еврејската заедница во Битола.