Филипче алармира: Има директори кои земаат пари за дежурства, а никогаш не се појавиле на клиника!
Скандалозни злоупотреби, хаос во здравството и директна загрозеност на животите на пациентите – ова го открива претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во интервју за Радио Слободна Европа. Тој ги критикува актуелните состојби во здравствениот сектор, обвинувајќи ја Владата за целосен неуспех во управувањето.Филипче алармира дека на чело на некои од...
Скандалозни злоупотреби, хаос во здравството и директна загрозеност на животите на пациентите – ова го открива претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во интервју за Радио Слободна Европа. Тој ги критикува актуелните состојби во здравствениот сектор, обвинувајќи ја Владата за целосен неуспех во управувањето.Филипче алармира дека на чело на некои од најважните здравствени установи се поставени некомпетентни, а во некои случаи и целосно неспособни луѓе, чија единствена цел не е подобрување на здравството, туку полнење на сопствените џебови.
„Има директори кои се пишуваат за дополнителни дежурства да земат само пари, без физички да бидат присутни на ниту едно дежурство на клиниките“, откри Филипче. Ова значи дека додека пациентите чекаат со месеци за термин, а лекарите работат во екстремни услови, директорите – назначени од власта – лажираат работни часови и незаконски си исплаќаат бонуси, без да мрднат со прст.
Филипче вели дека се назначени неспособни, неквалификувани луѓе на директорски позиции, што резултира со целосен хаос во здравствениот систем. „Донесени се и поставени менаџери или директори на клиниките коишто навистина немаат искуство како тоа се прави. Има директори на клиники коишто ниту оперираат на хируршките клиники, немаат ниту една операција како се поставени на функција, а ги водат стручните колегиуми“, вели Филипче.
Филипче вели дека граѓаните плаќаат со животи за хаосот во здравството. Сето ова не е само скандал – последиците се трагични. Лекови нема, листите на чекање се предолги, а пациенти умираат затоа што не можат да ја добијат неопходната терапија на време, смета поранешниот министер.
„Огромни се листите на чекања, нема лекови – сето тоа укажува на тотална незаинтересираност од страна на менаџментот и на Министерството за здравство во делот на манаџирањето на клиниките“, нагласи Филипче.
Владата го укина и системот за набавка на лекови по итна постапка, што беше последниот механизам за обезбедување терапија за пациентите во критична состојба. „Беа многу критикувани формите на т.н. реверс – тоа е систем којшто секогаш обезбедуваше лекови за нашите пациенти. Цената којашто се плаќа се човечки животи коишто во меѓувреме не можат да ја примат соодветната терапија“, заклучува Филипче.