Филипче: Како министер воведов нови лекови, заштедивме средства и им помогнавме на пациентите!
Во време на огромни предизвици за здравствениот систем во Ковид кризата, поранешниот министер за здравство и актуелен претседател на СДСМ, Венко Филипче, спроведл реформи што донесоа значителни подобрувања за пациентите. Тој, во интервју за Радио Слободна Европа, зборуваше за системските промени што овозможија подобар пристап до терапија, воведување на нови...
Во време на огромни предизвици за здравствениот систем во Ковид кризата, поранешниот министер за здравство и актуелен претседател на СДСМ, Венко Филипче, спроведл реформи што донесоа значителни подобрувања за пациентите. Тој, во интервју за Радио Слободна Европа, зборуваше за системските промени што овозможија подобар пристап до терапија, воведување на нови лекови и рационализација на здравствените трошоци.
Филипче потенцира дека пред неговото министерување, многу пациенти со онколошки заболувања беа приморани да патуваат во странство за да добијат современа терапија. Но, тоа драстично се промениило. „Пациентите со онколошки болести беа праќани или на своја рака одеа надвор во странство и бараа лекување затоа што таа современа терапија кај нас ја немаше. Со реформите што ги спроведовме, донесовме нови лекови кои претходно не беа достапни во државата“, истакна Филипче.
Благодарение на новиот систем, пациентите повеќе не мора да трошат огромни суми за лекување надвор од Македонија, туку можат да добијат квалитетна терапија во својата земја. Филипче вели дека групните набавки овозможиле заштеда и подобар пристап до лекови. Една од најзначајните реформи што ја спровел е токму воведувањето на групни набавки, со што се намалиле трошоците, а се зголемила достапноста на лекови за граѓаните.
„Со групните набавки не само што направивме заштеда, туку донесовме и нови лекови. Ова беше системски пристап кој значеше подобро управување со средствата и поквалитетна услуга за пациентите“, нагласи тој. Овој пристап овозможил здравствениот буџет да се искористи поефикасно, а пациентите да добијат терапии што претходно биле недостижни, вели Филипче.
И покрај огромните предизвици што ги донесе пандемијата, здравствениот систем успеа да функционира без прекин, а пациентите со сериозни заболувања, вклучително и онколошките, продолжија да добиваат соодветна терапија, смета екс министерот.
„Дури и во тие тешки времиња, Клиниката ги извршуваше своите обврски, а со тоа беа задоволени сите законски критериуми. Терапијата се испраќаше во други болници ширум државата, за пациентите да ја примаат без да се изложуваат на ризик“, истакна Филипче. Оваа мерка беше клучна во време на рестрикции во движењето, бидејќи пациентите не беа принудени да патуваат, туку ја добиваа својата терапија поблиску до нивните домови.