Филипче: Истрагата мора да опфати и актуелни функционери од МВР кои биле одговони таа ноќ
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче во интервју за вестите на ТВ Алсат М повторно ги истакна прашањата на кои СДСМ како партија, но и јавноста, сè уште чека одговор од надлежните институции. „Зошто во истрагата не се опфатени функционери на МВР кои имаат директна одговорност? Како било возможно малолетници да...

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче во интервју за вестите на ТВ Алсат М повторно ги истакна прашањата на кои СДСМ како партија, но и јавноста, сè уште чека одговор од надлежните институции.
„Зошто во истрагата не се опфатени функционери на МВР кои имаат директна одговорност? Како било возможно малолетници да консумираат алкохол и да се користи пиротехника пред очите на припадници на МВР? Прашуваме конкретни прашања коишто нас нè тераат да мислиме дека истрагата е селективна“, рече Филипче, посочувајќи дека СДСМ нема да се меша во истрагата.
Претседателот на СДСМ повтори дека е цврсто уверен во тоа дека единствениот начин да се постигне суштинска и видлива промена во системот е преку заедничка работа.
„Ние мора да бидеме свесни дека работите треба да функционираат поинаку. Подготвен сум и се залагам за тоа – и за Кочани, и за секоја друга тема. Политичките партии треба да работат заедно, во интерес и на барање на граѓаните – како што тоа сега јасно се бара“, истакна Филипче.