Герасимовски положи свежо цвеќе по повод 11 Октомври: Наша должност е да го негуваме аманетот на борците, за слобода, праведност и достоинство

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, по повод 11 Октомври – Денот на народното востание, денеска оддаде почит на загинатите борци од Народноослободителната борба и положи свежо цвеќе во Меморијалниот комплекс Партизански гробишта во Бутел. „Денешниот 11 Октомври не потсетува на храброста, солидарноста и непокорот на нашиот народ.Тој ден ја...

окт 11, 2025 - 16:00
 0
Герасимовски положи свежо цвеќе по повод 11 Октомври: Наша должност е да го негуваме аманетот на борците, за слобода, праведност и достоинство

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, по повод 11 Октомври – Денот на народното востание, денеска оддаде почит на загинатите борци од Народноослободителната борба и положи свежо цвеќе во Меморијалниот комплекс Партизански гробишта во Бутел.

„Денешниот 11 Октомври не потсетува на храброста, солидарноста и непокорот на нашиот народ.Тој ден ја симболизира решеноста за слобода, праведност и достоинство – вредности што и денес треба да нè водат во секоја наша одлука и постапка,“ изјави Герасимовски.

Тој додаде дека должност на сите генерации е да го негуваат аманетот за борците кои ја поставиле темелната вредност на современата македонска држава — слободата.