ВМРО-ДПМНЕ е прва партија по криминал и неисполнети ветувања – затоа изгубија 140.000 гласови, тврди СДСМ

Соопштение на СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ, за само нешто повеќе од една година, изгуби дури 140.000 гласачи, и ниту еден спин или лага не може да го побие овој факт. Пирова им е победата, затоа што граѓаните јасно ги препознаа нивните погрешни политики на секое поле. Цветаат клиентелизмот, партизацијата, неспособноста и ароганцијата....

ноември 4, 2025 - 17:30
 0
ВМРО-ДПМНЕ е прва партија по криминал и неисполнети ветувања – затоа изгубија 140.000 гласови, тврди СДСМ

Соопштение на СДСМ:

ВМРО-ДПМНЕ, за само нешто повеќе од една година, изгуби дури 140.000 гласачи, и ниту еден спин или лага не може да го побие овој факт. Пирова им е победата, затоа што граѓаните јасно ги препознаа нивните погрешни политики на секое поле.

Цветаат клиентелизмот, партизацијата, неспособноста и ароганцијата.

За една година од мандатот, ВМРО-ДПМНЕ нема ниту една политика со која може да се пофали, и тоа граѓаните го гледаат.

Државата е на колена – економски, финансиски и социјално, и за жал, овој тренд ќе продолжи.

Освен партиски прес-конференции со напади врз СДСМ, не можат да испорачаат ништо друго.

Затоа никогаш повеќе нема да можат да се надеваат на поддршката со која дојдоа на власт – таа ќе продолжи да паѓа.

СДСМ останува најсилната опозициска партија, и покрај сите обиди на ВМРО-ДПМНЕ и нивните сателити, ЗНАМ, да го негираат тоа.

Пропаднаа обидите и сценаријата да ја снема СДСМ – од сега натаму, партијата ќе се враќа само посилна.

По изборите следи јасен патоказ напред за СДСМ: потребни се промени на политичко и кадровско ниво кои ќе донесат раст и зајакнување.