Германците излегуваат на избори, фаворитот за канцелар вети „поместување на десно“, АфД очекува историски успех
Германските гласачи денеска излегуваат на гласање на општите избори на кои конзервативците се фаворити по кампањата потресена од подемот на екстремната десница и драматичното враќање на американскиот претседател Доналд Трамп. Гласачките места беа отворени во 8 часот, а право на глас имаат повеќе од 59 милиони Германци. Првите проценки врз...

Германските гласачи денеска излегуваат на гласање на општите избори на кои конзервативците се фаворити по кампањата потресена од подемот на екстремната десница и драматичното враќање на американскиот претседател Доналд Трамп.
Гласачките места беа отворени во 8 часот, а право на глас имаат повеќе од 59 милиони Германци. Првите проценки врз основа на излезните анкети се очекуваат по затворањето на гласачките места во 18 часот.
Наводниот нов канцелар Фридрих Мерц вети цврста промена надесно доколку биде избран за повторно да ги придобие гласачите на екстремно десничарската антиимиграциска Алтернатива за Германија (АфД), која очекува рекорден резултат по серијата смртоносни напади за кои се обвинуваат барателите на азил.
Политичката криза во Германија беше активирана кога коалицијата на Шолц се распадна на 6 ноември, денот кога Трамп беше реизбран.
СПД на Шолц, Зелените и либералната ФДП долго се расправаа околу финансиите.
Историски нискиот рејтинг на СПД од околу 15 отсто сугерира дека Шолц ја платил цената и за таквите политики и за лошите економски перформанси на Германија во време кога војната во Украина ги зголеми цените на енергијата.
Фрустрацијата со раководството на земјата го поттикна подемот на АфД, која според анкетите 20 отсто, но се чини дека ќе остане во опозиција бидејќи сите други партии ветија дека ќе ја држат надвор од власта.
Клучното гласање во најголемата економија на Европската унија доаѓа во време на тектонски промени во американско-европските односи предизвикани од директното обраќање на Трамп до рускиот претседател Владимир Путин, заобиколувајќи ја Европа, за да се стави крај на војната во Украина.
Низ Европа, сојузниците на НАТО се загрижени за иднината на алијансата, никаде повеќе како во Германија, која напредуваше под безбедносниот чадор предводен од САД.
Сепак, на Мерц може да му бидат потребни многу недели за да се договори за коалициска влада, што ќе доведе до уште поголема политичка парализа во Берлин во таков тензичен период.
Во необичен развој на настаните во услови на поларизирана кампања, АфД уживаше поддршка од внатрешниот круг на Трамп, при што милијардерот Илон Маск ја пофали како единствената партија што ја „спасува Германија“./Извор:Makfax