Гроси: Иран има доволно материјал за да направи неколку нуклеарни бомби

Директорот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, изјави дека Иран има доволно материјал за да направи неколку нуклеарни бомби, но официјален Техеран сè уште нема нуклеарно оружје. „Сепак, тие не се далеку од тоа“, предупреди Рафаел Гроси во интервју за францускиот весник „Монд“ неколку часа пред неговата...

април 17, 2025 - 13:00
 0  3
Гроси: Иран има доволно материјал за да направи неколку нуклеарни бомби

Директорот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, изјави дека Иран има доволно материјал за да направи неколку нуклеарни бомби, но официјален Техеран сè уште нема нуклеарно оружје.

„Сепак, тие не се далеку од тоа“, предупреди Рафаел Гроси во интервју за францускиот весник „Монд“ неколку часа пред неговата посета на Техеран.

Според него, Иран сè уште има долг пат пред себе пред да успее да направи атомска бомба.

„Не е доволно да ѝ кажете на меѓународната заедница дека немате нуклеарно оружје за да ви веруваат. Мора да можеме да го потврдиме ова“, истакна Гроси.

Директорот на МААЕ ќе разговара во Техеран со иранското раководство за нуклеарната програма на Иран.

Иранската државна новинска агенција ИСНА објави дека Гроси ќе се сретне со иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи, а утре и со директорот на Организацијата за атомска енергија на Иран, Мохамед Еслами./Извор:Makfax