Грујевски и Бошковски добија највисоки казни за „Тврдина“, Гордана Јанкулоска ослободена
Ексразузнавачот Горан Грујевски доби 14 и пол години затвор, а Никола Бошковски – 9 години и 10 месеци во случајот „Тврдина“. Кривичниот суд денес ја објави пресудата, при што двајцата бегалци од правдата, кои не беа екстрадирани од Грција, добија казни за злоупотреба на службената положба и за фалсификување исправа....

Ексразузнавачот Горан Грујевски доби 14 и пол години затвор, а Никола Бошковски – 9 години и 10 месеци во случајот „Тврдина“.
Кривичниот суд денес ја објави пресудата, при што двајцата бегалци од правдата, кои не беа екстрадирани од Грција, добија казни за злоупотреба на службената положба и за фалсификување исправа.
Казна од три години затвор доби Тони Јакимовски, а поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, доби ослободителна пресуда. Валентина Симоновска доби условна казна од две години затвор.
„Тврдина“ беше дел од предметот на СЈО, „Таргет – Тврдина“. По застарување на гонењето за „Таргет“ за масовното прислушување, при што обвинет беше ексшефот на УБК, Сашо Мијалов, судењето продолжи за петтемина обвинети./Извор:Makfax