Груби по објавите дека ја напуштил државата: Патував во приватна посета, немојте да измислувате и шпекулирате

Поранешниот вицепремиер Артан Груби преку објава на социјалните мрежи демантира дека избегал од земјата. Како што синоќа објави на социјалните мрежи, патувал надвор од Македонија во приватна посета. Преку објава на „Фејсбук“ поранешниот функционер на ДУИ бара од јавноста да не се изнесуваат шпекулации. „Патував во приватна посета. Ве молам,...

дек 16, 2024 - 16:01
 0  1
Груби по објавите дека ја напуштил државата: Патував во приватна посета, немојте да измислувате и шпекулирате

Поранешниот вицепремиер Артан Груби преку објава на социјалните мрежи демантира дека избегал од земјата. Како што синоќа објави на социјалните мрежи, патувал надвор од Македонија во приватна посета.

Преку објава на „Фејсбук“ поранешниот функционер на ДУИ бара од јавноста да не се изнесуваат шпекулации.

„Патував во приватна посета. Ве молам, немојте да измислувате и шпекулирате. Редовно патував со моите патни исправи и за ова е известено и моето лично полициско обезбедување. Веднаш штом ги завршам обврските, ќе се вратам дома кај моето семејство“, напиша Груби.

Вчера, имаше објави дека Груби ја напуштил државата и заминал за Косово. Тој заедно со судијата Енвер Беџети беше ставени на американската црна листа по што најави дека се повлeкува од политичкиот живот./Извор:Makfax