Именувана нова директорка на Детска клиника Козле, д-р Катерина Бошковска
Министерството за здравство информира дека за нова директорка на УК за респираторни заболувања кај децата Козле е именувана проф. д-р Катерина Бошковска, која над дваесет години е дел од тимот на оваа установа. Д-р Бошковска е супспецијалист по педијатриска пулмологија. Во рамки на наставно образовната дејност е вклучена во активностите...

Министерството за здравство информира дека за нова директорка на УК за респираторни заболувања кај децата Козле е именувана проф. д-р Катерина Бошковска, која над дваесет години е дел од тимот на оваа установа.
Д-р Бошковска е супспецијалист по педијатриска пулмологија.
Во рамки на наставно образовната дејност е вклучена во активностите на катедрата при УКИМ и во последните пет години има објавено голем број научни трудови.
Министерството се заблагодарува за досегашниот ангажман на претходната директорка д-р Каролина Симоновска.