Истрага за изнуда и палење автомобил во Штип

Основното јавно обвинителство Штип донесе Наредба за спроведување истражна постапка против двајца соизвршители на кривични дела – Изнуда од член 258 став 1 и Предизвикување општа опасност од член 288 став 1 од Кривичниот законик. „Осомничените, во последните неколку дена од старата година, испратиле повеќе заканувачки пораки кон трето лице,...

Јан 10, 2025 - 16:00
 0  1
Истрага за изнуда и палење автомобил во Штип

Основното јавно обвинителство Штип донесе Наредба за спроведување истражна постапка против двајца соизвршители на кривични дела – Изнуда од член 258 став 1 и Предизвикување општа опасност од член 288 став 1 од Кривичниот законик.

„Осомничените, во последните неколку дена од старата година, испратиле повеќе заканувачки пораки кон трето лице, изнудувајќи му парични средства.

Соочен со сериозни закани кон сопствениот и животите на членовите на своето семејство, оштетениот ги пријавил осомничените, по што на 4 јануари била организирана средба за да им предаде 30.000 денари. Полициски службеници ги затекнале при обидот да ги преземат паричните средства и ги уапсиле.

Во текот на претходната постапка, Основното јавно обвинителство Штип обезбеди докази кои даваат основано сомнение дека истите лица на 16 декември, пред зграда на улицата “Сремски фронт” во Штип намерно запалиле паркиран автомобил “Сеат леон” сопственост на една оштетена. На тој начин со умисла предизвикале значителна опасност за животот и телото на луѓето.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Штип достави предлог за определување мерка притвор за осомничените, поради опасноста од бегство, можноста да влијаат врз сведоците или да ги повторат делата. Судот го прифати предлогот и им определи притвор во траење од 30 дена.“ – соопшти Обвинителството.