Италијанската полиција употреби сила против пропалестинските демонстранти

Полицијата во два централни италијански града употреби сила во петокот против демонстрантите, главно студенти, кои повикуваа на итен прекин на огнот во Појасот Газа. Италијанската полиција употреби сила за да ги растера демонстрантите кои се движеа кон централните локации во Пиза и Фиренца. Демонстрантите во Фиренца сакаа да организираат протест...

февруари 24, 2024 - 09:00
 0  0
Италијанската полиција употреби сила против пропалестинските демонстранти

Полицијата во два централни италијански града употреби сила во петокот против демонстрантите, главно студенти, кои повикуваа на итен прекин на огнот во Појасот Газа.

Италијанската полиција употреби сила за да ги растера демонстрантите кои се движеа кон централните локации во Пиза и Фиренца. Демонстрантите во Фиренца сакаа да организираат протест пред американскиот конзулат, но полицијата ги пресретна на централниот плоштад, предизвикувајќи судири и повредени.

На видеата кои ги објавија италијанските медиуми се гледа дека полицијата со палки почнала да ги удира младите кои излегле на протестот. Италијанската новинска агенција АНСА објави видео на кое еден од студентите тврди дека некои демонстранти се повредени во пределот на главата. Судири се случиле во близина на средно училиште во Пиза.

– Бевме сведоци на сцени на шокантно насилство кога полицијата не ни преговараше со учениците, ниту се обидуваше да разговара со нив – пишуваат наставниците во отвореното писмо објавено на социјалните мрежи.

Џузепе Конте, лидерот на опозициската партија Движење пет ѕвезди, на мрежата Х објави дека „полицијата уште еднаш ги нападна луѓето кои протестираа против масакрот во Газа“.

– Ова се вознемирувачки слики кои не се достојни за нашата земја. Ова не може да биде одговор на нашата земја на несогласувањето – додаде тој.