Извештај на СЗО: Осум милиони луѓе во светот страдаат од туберкулоза

Светската здравствена организација (СЗО) објави дека повеќе од осум милиони луѓе се заразиле со туберкулоза, што е најголем број заразени откако здравствената агенција на Обединетите нации почна да води евиденција. Поновиот извештај покажа дека близу 8,2 милиони луѓе биле заразени со туберкулоза во 2023 година, што е највисок број регистриран...

окт 30, 2024 - 22:00
 0  2
Извештај на СЗО: Осум милиони луѓе во светот страдаат од туберкулоза

Светската здравствена организација (СЗО) објави дека повеќе од осум милиони луѓе се заразиле со туберкулоза, што е најголем број заразени откако здравствената агенција на Обединетите нации почна да води евиденција.

Поновиот извештај покажа дека близу 8,2 милиони луѓе биле заразени со туберкулоза во 2023 година, што е највисок број регистриран откако СЗО почна да ја разгледува болеста на глобално ниво во 1995 година.

Зголемувањето во однос на 2022 година, кога имало 7,5 милиони заразени луѓе, ја претставува туберкулозата како водечка заразна и смртоносна болест во 2023 година, надминувајќи го Ковид-19, според СЗО./Извор:Makfax