Каква е состојбата на патиштата?

Поради појава на магла се бележи намалена видливост од 50-100 метри на патните правци Неготино – Градско и Неготино – Демир Капија, информира АМСМ. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини...

дек 15, 2025 - 11:00
 0
Каква е состојбата на патиштата?

Поради појава на магла се бележи намалена видливост од 50-100 метри на патните правци Неготино – Градско и Неготино – Демир Капија, информира АМСМ.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.