Канада треба да стане 51. американска држава, вели Трамп
Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп вчера на социјалните мрежи ја обнови идејата Канада да стане 51. американска држава нарекувајќи ја можноста одлична идеја. „Канаѓаните би заштедиле многу на даноци и воена заштита. Мислам дека тоа е одлична идеја. 51. држава!!!“, додаде новоизбраниот претседател на САД на неговата платформа Truth Social....
Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп вчера на социјалните мрежи ја обнови идејата Канада да стане 51. американска држава нарекувајќи ја можноста одлична идеја.
„Канаѓаните би заштедиле многу на даноци и воена заштита. Мислам дека тоа е одлична идеја. 51. држава!!!“, додаде новоизбраниот претседател на САД на неговата платформа Truth Social. „Многу Канаѓани сакаат Канада да стане 51. држава“, рече тој.
Анкетата спроведена минатата недела од Институтот „Легер“ покажа дека 13 отсто од Канаѓаните би сакале нивната земја да стане американска држава.
Трамп првпат ја изнесе идејата за 51. држава за време на вечерата со канадскиот премиер Џастин Трудо кон крајот на ноември.
За време на таа средба, новоизбраниот американски претседател се пошегува дека ако Канада не може да ги преживее царините од 25 проценти, може да стане 51. американска држава, пренесува каналот „Фокс њуз“.
Оттогаш тој постојано го опишуваше шефот на владата на Канада како гувернер во објавите на социјалните мрежи, титула што во Соединетите Американски Држави го назначува шефот на извршната власт на сојузната држава.
Тие објави беа многу слабо примени меѓу канадските политичари, кои ги сметаа за понижување, па дури и закана од Соединетите Американски Држави./Извор:Makfax