Хамас: Заканите на Трамп го туркаат Нетанјаху да го прекине примирјето во Газа

Хамас денеска соопшти дека постојаните закани на американскиот претседател Доналд Трамп кон Палестинците претставуваат поддршка за израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху да се повлече од примирјето во Газа и да ја заостри опсадата на жителите на крајбрежната енклава. Трамп вчера побара Хамас „да ги ослободи сите заложници сега, а не подоцна“,...

Мар 6, 2025 - 12:00
 0  1
Хамас: Заканите на Трамп го туркаат Нетанјаху да го прекине примирјето во Газа

Хамас денеска соопшти дека постојаните закани на американскиот претседател Доналд Трамп кон Палестинците претставуваат поддршка за израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху да се повлече од примирјето во Газа и да ја заостри опсадата на жителите на крајбрежната енклава.

Трамп вчера побара Хамас „да ги ослободи сите заложници сега, а не подоцна“, вклучително и останките на починатите заложници, „или готово е за вас“.

Во текстуална порака до Ројтерс, портпаролот на милитантната група, Абдел-Латиф ал-Кануа, рече: „Најдобар пат за ослободување на преостанатите израелски заложници е окупацијата да премине во втората фаза (од прекинот на огнот) и да ја принуди да го почитува договорот потпишан под покровителство на посредниците.

Договорот за прекин на огнот во Газа, кој стапи на сила во јануари, беше преговаран со претставник на Трамп кој учествуваше заедно со претставник на администрацијата на поранешниот претседател во заминување Џо Бајден.

Договорот предвидува ослободување на преостанатите заложници како дел од втората фаза, во текот на која ќе бидат договорени конечните планови за завршување на војната./Извор:Makfax